Израелската војска нареди евакуација на неколку области во и околу вториот по големина град во Газа, Кан Јунис.
Евакуацијата е наредена бидејќи Израел ја префрла својата офанзива кон јужната половина од територијата каде што вели дека се кријат многу лидери на Хамас.
Силно гранатирање беше забележано во текот на ноќта и во неделата во областа Кан Јунис и јужниот град Рафах.
Истот така гранатирања имаше и во делови од северот кои беа во фокусот на воздушната и копнената кампања на Израел.
Многу од 2,3 милиони жители на територијата се сместени во пренаселениот југ, откако израелските сили им наредија на цивилите да го напуштат северот.
Видете и ова: Околу 1,8 милиони луѓе внатрешно раселени во Појасот ГазаОколу 1,8 милиони луѓе во Појасот Газа се внатрешно раселени, објави на 3 декември Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.
ОН додаваат дека во таа палестинска енклава има вкупно 2,2 милиони луѓе и дека е тешко да се добие прецизен број на раселени лица.
Како причина е наведена дека е тешко да се следат оние кои биле принудени да побегнат и да се пресмета вкупниот број на луѓе кои се вратиле дома за време на привремениот прекин на огнот, објави Би-Би-Си.
На почетокот на конфликтот, Израел им нареди на Палестинците во северниот дел на Газа да се евакуираат на југ, што го направија стотици илјади жители. По завршувањето на примирјето на 1 декември, Израел испрати ново предупредување до жителите на источните области околу Кан Јунис да се движат понатаму на југ.