Околу 1,8 милиони луѓе во Појасот Газа се внатрешно раселени, објави на 3 декември Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.
ОН додаваат дека во таа палестинска енклава има вкупно 2,2 милиони луѓе и дека е тешко да се добие прецизен број на раселени лица.
Како причина е наведена дека е тешко да се следат оние кои биле принудени да побегнат и да се пресмета вкупниот број на луѓе кои се вратиле дома за време на привремениот прекин на огнот, објави Би-Би-Си.
На почетокот на конфликтот, Израел им нареди на Палестинците во северниот дел на Газа да се евакуираат на југ, што го направија стотици илјади жители. По завршувањето на примирјето на 1 декември, Израел испрати ново предупредување до жителите на источните области околу Кан Јунис да се движат понатаму на југ.
Видете и ова: Продолжува бомбардирањето во ГазаСЗО повторно повика на прекин на огнот
Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на Светската здравствена организација (СЗО), повторно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас на 3 декември.
„Извештаите за непријателствата и силното бомбардирање во Газа се застрашувачки“, рече Гебрејесус.
Тој објави дека тим на СЗО ја посетил болницата Наср во јужна Газа на 2 декември.
„Беше пренатрупано со 1.000 пациенти, што е три пати повеќе од капацитетот на болницата. Пациентите добиваа медицинска нега на подот, некои врескаа од болка“, рече Гебрејесус.
Видете и ова: Харис: САД нема да дозволат принудно преселување на ПалестинцитеИзраел продолжи со бомбардирањето
Израелската армија го бомбардираше Појасот Газа ноќта меѓу 2 и 3 декември, поради бројните повици од светот за воздржаност за заштита на цивилите.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека биле погодени околу 400 цели, а 240 луѓе биле убиени од обновувањето на борбите на 1 декември кога истече еднонеделниот прекин на огнот.
Военото крило на Хамас и организацијата која себеси се нарекува Исламски џихад објавија дека во саботата на 2 декември испалиле ракети врз израелските градови, вклучително и Тел Авив.
Израелската армија објави дека биле истрелани повеќе од 250 ракети и дека двајца војници загинале.
Видете и ова: ОН изразуваат жалење за продолжувањето на борбите во ГазаВладата на Хамас објави дека во израелски напад загинале најмалку седум лица во областа Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелската армија стационирана на северот на Појасот Газа ги засили воздушните напади на југот на палестинската енклава каде поради конфликтот се засолниле стотици илјади Палестинци, објави Франс прес.
Палестинските медиуми објавија дека артилериски и воздушни напади се во тек низ појасот Газа, а цел е јужниот град Кан Јунис.
Израелските власти тврдат дека воспоставиле механизам за спречување на хуманитарните работници и цивилите во Газа да бидат фатени во вкрстен оган.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили во текот на ноќта погодиле тунели, командни центри и складиштата за муниција на Хамас.