Четворица загинати во бомбашки напад на Филипините

Себу Сити, Филипини - мај 2022 година (Илустративна фотографија).

Четири лица загинаа, а околу 50 се повредени во бомбашки напад за време на миса во јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случи на 3 декември за време на миса во гимназијата на државниот универзитет Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата, изјави началникот на регионалната полиција Алан Ноблеза.

Тој додаде дека нападот бил извршен со импровизирана експлозивна направа.

Наставата е прекината, а околу универзитетот е распоредено силно обезбедување.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос изјави дека нападот го извршиле странски терористи.

Универзитетот во Минданао го осуди насилството и изрази солидарност со христијанската заедница и со жртвите.