Израелската армија го бомбардираше Појасот Газа ноќта меѓу 2 и 3 декември, во време на бројни повици од светот за воздржаност за да се заштитат цивилите.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека биле погодени околу 400 цели, а 240 луѓе биле убиени од обновувањето на борбите на 1 декември кога истече еднонеделниот прекин на огнот.
Военото крило на Хамас и организацијата која себеси се нарекува Исламски џихад, објавија дека во саботата на 2 декември испалиле ракети врз израелските градови, вклучително и Тел Авив.
Израелската армија објави дека биле истрелани повеќе од 250 ракети и дека двајца војници загинале.
Видете и ова: Харис: САД нема да дозволат принудно преселување на ПалестинцитеВладата на Хамас објави дека во израелски напад загинале најмалку седум лица во областа Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.
Израелската армија стационирана на северот на Појасот Газа ги засили воздушните напади на југот на палестинската енклава, каде поради конфликтот се засолнети стотици илјади Палестинци, објави Франс прес.
Палестинските медиуми објавија дека артилериски и воздушни напади се во тек низ појасот Газа, а цел е јужниот град Кан Јунис.
Израелските власти тврдат дека воспоставиле механизам за спречување на хуманитарните работници и цивилите во Газа да бидат фатени во вкрстен оган.
Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили во текот на ноќта ги погодиле тунели, командни центри и складиштата за муниција на Хамас.