Украинските граничари го спречија поранешниот украински претседател Петро Порошенко да ја напушти земјата на, како што рече Порошенко, службено патување кое требаше да започне со средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) на 2 декември соопшти дека верува дека Русија имала намера да го искористи состанокот, како и другите состаноци на украинските политичари со странски претставници, за ширење на проруски наратив.
Видете и ова: Руски гранатирања и напади со дронови во украинските региони Доњецк, Херсон и ОдесаПартијата на Порошенко, Европска солидарност, соопшти дека СБУ „ширела лажна порака“ дека откажувањето е поврзано со средбата со Орбан и рече дека „теоретската употреба на разговорот од руските специјални служби“ е изненадувачка.
Порошенко, кој беше претседател од 2014 до 2019 година, планираше голем број состаноци на високо ниво во странство, но рече дека патувањето, кое планирал да го започне на 1 декември, морало да се откаже бидејќи бил одбиен на границата.
СБУ во соопштението рече дека поранешниот украински лидер бил вратен поради неговата планирана средба со Орбан, за кој СБУ рече дека „систематски изразува антиукраинска позиција“.