Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, рече денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај“, изјави Спасовски.
Вања исчезна во понеделникот(27.11) рано наутр,о на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Видете и ова: Спасовски: Во потрагата по Вања проверени се коритото на Вардар, подруми, цркви и манастириМВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол. За исчезнувањето на Вања информираат и во медиумите во регионот.
Спасовски денеска рече дека биле преземени низа криминалистички истражни мерки во изминатиот период, како што наведе, „се со цел да се утврдат сите овие факти“.
„Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми“, истакна Спасовски,
Тој додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.
Спасовски потенцираше дека сите податоци кои ги утврдуваат ќе ги соопштат во даден момент, бидејќи, како што кажа, за истрагата е многу релевантно кога и како ќе соопштат во јавноста.