Обединетите нации изразија жалење за обновувањето на конфликтот во Газа на 1 декември, опишувајќи ги непријателствата како „катастрофални“ и ги повикаа страните да постигнат траен прекин на огнот.
Јенс Лаерке, портпарол на хуманитарната канцеларија на Обединетите нации во Женева, рече дека продолжувањето на непријателствата значи „пеколот на Земјата се вратил во Газа“.
Израелските воени авиони продолжија со бомбардирањето на Газа, испраќајќи ги палестинските цивили да бегаат за засолништа, откако истече еднонеделното примирје без договор за продолжување.
„Обновувањето на непријателствата во Газа е катастрофално“, изјави Волкер Турк, висок комесар на Обединетите нации за човекови права.
Видете и ова: Хамас соопшти дека 240 луѓе биле убиени по завршувањето на примирјетоВластите на Хамас во Појасот Газа на 2 декември објавија дека 240 луѓе се убиени на палестинска територија, откако паузата во борбите заврши во петокот, пренесува АФП.
Во соопштението на оваа организација, која САД и ЕУ ја означуваат како терористичка, се наведува дека уште 650 лица се повредени во „стотици воздушни, артилериски и поморски бомбардирања низ појасот Газа“.