Од крајот на привремениот прекин на огнот во петокот, Израел нападна повеќе од 400 цели во Појасот Газа, соопшти израелската војска.
Како што јави Би-Би-Си, во соопштението се вели дека израелските одбранбени сили (ИДФ), воздушните, поморските и копнените сили ја гаѓале Газа, вклучително и области на југот на енклавата.
„Борбени авиони погодија повеќе од 50 цели во обемниот напад на областа Кан Јунис“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Израел ги извести арапските земји дека сака да воспостави тампон-зона во повоена ГазаСпоред соопштението, воздушните напади биле насочени кон џамија во северниот дел на Газа, тврдејќи дека била користена од групата Исламски џихад како оперативен команден центар. Како што наведува Би-Би-Си, овие тврдења не може да бидат независно потврдени.
Откако Израел им нареди на луѓето во северна Газа да се евакуираат на југ, стотици илјади жители на Газа се засолниле во јужниот град Кан Јунис, главно во шатори и засолништа обезбедени од ОН.