Израел информираше неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон-зона на палестинската страна на границата со Појасот Газа за да спречи понатамошни напади како дел од предлозите за иднината на палестинската енклава кога ќе заврши војната, пренесуваат египетски и регионални извори.
Израел за ова ги известил своите соседи Египет и Јордан, како и Обединетите Арапски Емирати, со кои ги нормализираше односите во 2020 година.
Истите извори пренесуваат дека за ова е известена и Саудиска Арабија. Оваа земја пак нема односи со Израел и го запре процесот за нормализација на односите во кој посредуваше САД, по избивањето на војната против Хамас.
Во иницијативата не се сугерира крај на израелската офанзива обновена по еднонеделното примирје, но таа покажува дека Израел се обидува да вклучи и други земји, а не само вообичаените арапски посредници, Египет и Катар, во одлуките за тоа што ќе се случува во повоена Газа.
Видете и ова: Блинкен го обвини Хамас за кршење на примирјето: САД се фокусирани на ослободување на заложниците„Планот е многу подетален од тоа. Се базира на план на три нивоа за денот после Хамас“, изјави Офир Фалк, советник на премиерот за надворешни работи на Израел во одговор на прашање на Ројтерс за оваа тампон зона, пренесуваат израелските медиуми.
Процесот од три нивоа вклучува уништување на Хамас, демилитаризација на Газа и дерадикализација на енклавата.
„Тампон зоната можеби ќе биде дел од процесот на демилитаризација“, изјави Фалк, но не откри детали кога му беше поставено прашањето дали овие планови им се претставени на меѓународните партнери, вклучувајќи ги и арапските земји.
Денеска пак, по истекот на примирјето меѓу Хамас и Израел, продолжија тешките борби во Појасот Газа, додека израелската војска ги обнови борбените операции против Хамас, откако ја обвините палестинската екстремистичка група за прекршување на привремениот прекин на огнот со пукање на територијата на Израел.
Видете и ова: Израел ги повикува цивилите да користат нова мапа за евакуација