Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, денеска изјави дека Хамас е тој којшто ја сноси одговорноста за прекин на примирјето во Газа.
„Хамас ги прекрши обврските кои ги презема. Дури и пред паузата да заврши, Хамас изврши грозен терористички напад во Ерусалим, убивајќи три лица“, изјави Блинкен за новинарите во Дубаи.
Хамас ја презеде одговорноста за нападот на автобуска станица во Ерусалим, во кој вчера загинаа три лица.
Блинкен нагласи и дека Хамас не ги исполнил обврските кои ги преземал ниту во поглед на ослободување на одредени заложници, како и тоа дека САД остануваат посветени на нивно ослободување.
Видете и ова: Две лица загинаа во напад на автобуска станица во Ерусалим, повредени се уште шестмина„Решителни сме да направиме се што можеме за сите тие повторно да им се вратат на своите семејства“, истакна Блинкен.
Тој потсети и дека и натаму останува императив да се обезбеди заштита на цивилите во Газа.
Денеска пак, по истекот на примирјето меѓу Хамас и Израел, продолжија тешките борби во Појасот Газа, додека израелската војска ги обнови борбените операции против Хамас, откако ја обвините палестинската екстремистичка група за прекршување на привремениот прекин на огнот со пукање на територијата на Израел.
Видете и ова: Израел ги повикува цивилите да користат нова мапа за евакуацијаСедумдневната пауза, која започна на 24 ноември и беше двапати продолжена, овозможи размена на десетици заложници од Газа за стотици палестински затвореници и го олесни влезот на хуманитарна помош во опустошениот крајбрежен појас.