Неколку основни училишта во Белград денеска, на 1 декември, добија анонимни пријави за поставени бомби.
Од Министерството за внатрешни работи на Србија, неофицијално, за Радио Слободна Европа, информираа дека околу 14 часот пристигнале дојави за бомби во повеќе училишта на територијата на Нов Белград.
Од ресорното Министерство за РСЕ сепак не потврдија за колку училишта се работи, но наведоа дека полицијата е на терен и дека во тек се проверки.
Видете и ова: Дојави за бомби во РТС и РТВПовеќе училишта пак порано во текот на овој месец во Србија, исто така добиваа дојави за поставени бомби, а беше утврдено дека сите се лажни.
Покрај нив, лажни дојави за бомби во изминатиот месец добија и Радио-телевизија Србија, како и Радио-телевизија Војводина.