Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека отворањето на преговорите за влез на Украина во Европската Унија, моментално не е во интерес на Будимпешта, како и дека наместо тоа, Унијата треба да се определи за „стратешко партнерство“ со земјата зафатена од војна.
Во извештајот на Европската комисија минатиот месец пак за напредокот на земјите кандидати за членство, наведено е оти се препорачува отворање на преговорите за влез на Украина во Унијата, откако таа ќе ги исполни бараните услови по добивањето кандидатски статус заедно со многу помалата Молдавија во јуни минатата година.
Орбан, десничарски популист кој одржува топли односи со рускиот претседател Владимир Путин, долго време е во конфликт со ЕУ поради загриженоста на Унијата за владеењето на правото и корупцијата во Украина, поради што Унијата замрзна 22 милијарди евра за Унгарија, се додека земјата не воведе реформи во судството и во делот на подобрување на човековите права во оваа земја.
Видете и ова: Унгарија добива милиони од ЕУ и покрај заканите на Орбан дека ќе ја блокира помошта за УкраинаВо неговото неделно интервју за унгарското државно радио на 1 декември, Орбан рече дека отворањето на преговорите за членство со Киев не се совпаѓа со интересите на Унгарија, истакнувајќи дека неговата земја „се осмелува тоа да го каже јавно, без разлика на притисокот кој го чувствуваат“, повикувајќи се на наводното мешање од Брисел.
„Би сакал ЕУ прво да постигне договор за стратешко партнерство со Украина“, рече Орбан, додавајќи дека таквото партнерство може да потрае и до 10 години додека Украина не се прилагоди на барањата на ЕУ.
„Кога ќе видиме дека можеме да соработуваме, тогаш можеме повторно да го отвориме прашањето за членство, но тоа ќе биде можно дури по многу, многу години“, рече тој.
Покрај ова, Орбан во оваа прилика повторно зборуваше против продолжувањето на давањето финансиска помош на Украина, она што критичарите го гледаат како обид на Будимпешта да ја уценува ЕУ да ги ослободи замрзнатите средства за Унгарија.
Видете и ова: Етничките Унгарци во западна Украина одбиваат да бидат „заложници“ на Орбан„Европа има економски проблеми, но во меѓувреме фрла пари, испраќа вагони со оружје и пари во Украина“, рече Орбан.
Орбан и неговата влада постојано упатуваа критики против тоа што блокот ѝ дава воена помош на Украина за да се бори против неиспровоцираната агресија на Русија, тврдејќи дека таквата помош само ќе ја продолжи војната.