Портпаролот на израелската влада, Елон Леви, ги повика цивилите во Газа да користат нова мапа со зони за евакуација со цел да се заштитат, пренесува „Би-Би-Си“.
Во претходно соопштение пак, Елон Леви рече дека израелската војска им испратила порака на своите граѓани, „повикувајќи ги да се евакуираат од одредени подрачја кои Хамас ги користи за терористички активности“.
Леви истакна дека населението треба да користи одредени рути за евакуација, со цел да побегнат од овие подрачја, поради „сопствена безбедност“.
На картата, на која цела Газа се дели на стотици нумерирани подрачја, не се вклучени идентификувани безбедносни рути, но Леви, вели дека „деталите веќе им се познати на луѓето во Појасот Газа“.
Претходно, како рути за евакуација, беа користени улицата Салах ал-Дин, главна рута која води од север кон југ во Газа, како и крајбрежната улица во близина на Средоземното море.
Израелската армија, исто така, фрли летоци во Газа со предупредување за луѓето кои живеат во Карара, Харбат Хозаи, Абсан и Бани Сохаила, кои се сите источно од Кан Јунис и Салах ал-Дин.
Видете и ова: По истекот на примирјето, продолжуваат борбите меѓу Израел и ХамасОвие летоци со пораки ги содржат наведените места, вклучувајќи и „Кју-Ар“ код кој ги поврзува со новата израелска мапа, но не се наведени броевите на подрачјата објавени на интернет.
Инаку денеска, по истекот на примирјето меѓу Хамас и Израел, продолжија тешките борби во Појасот Газа, додека израелската војска ги обнови борбените операции против Хамас, откако ја обвините палестинската екстремистичка група за прекршување на привремениот прекин на огнот со пукање на територијата на Израел.
Седумдневната пауза, која започна на 24 ноември и беше двапати продолжена, овозможи размена на десетици заложници од Газа за стотици палестински затвореници и го олесни влезот на хуманитарна помош во опустошениот крајбрежен појас.