Сите членки на ОБСЕ се согласија и формално Малта да го преземе претседателството со организацијата во 2024 година, рече постојаниот претставник на Соединетите Држави во ОБСЕ, амбасадорот Мајкл Карпентер на брифинг со новинарите на маргините на Министерскито самит на ОБСЕ којшто се оржува во Скопје од 30 ноември до 1 декември.
Тој рече дека исто така е постигнат консензус, односно договор за мандатите на четирите клучни позиции на ОБСЕ да бидат продолжени за уште девет месеци. Се работи за позициите: генерален секретар на ОБСЕ, директор на ОДИХР, висок претставник за национални малцинства и претставник за слобода на медиуми.
Денеска (1 декември) е вториот и последен ден од Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), кога меѓудругото ќе се формализира кандидатурата на Малта за преземање на претседавањето со ОБСЕ следната година.
По почетокот на руската инвазија во Украина, ОБСЕ како организација се соочи со тешкотии во функционирањето поради ветата што ги ставаше Москва на одлуките што мора да се носат со консензус од 57-те земји членки. Оттука и на Министерскиот состанок во Скопје се гледа како клучен за иднината на ОБСЕ. Еден од главните предизвици беше да се најде земја што ќе го презеде претседателството од Северна Македонија во 2024 година.
На 27 ноември, неколку дена пред почетокот на Министерскиот состанок, министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека на подготвителен состанок бил постигнат консензус Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ. На Министерскиот совет учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.