Кованици од по две евра во вкупен износ од 85 илјади евра биле произведени и фалсификувани во Северна Македонија, објави Специјалното обвинителство на Република Косово. Тие биле запленети минатиот вторник а биле со цел да се дистрибуираат на Косово но и други земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ова е објавено во синоќешното соопштение на Обвинителството, откако побара да се одреди едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани.
Невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неодредено време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Северна Македонија. Имало вкупно 42.505 парчиња метални монети кои биле ставени во разни кеси. Осомничените ги камуфлирале за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина.
Видете и ова: Владата на Косово го продолжи рокот за пререгистрација на возилата од српски на косовски табличкиСпоред планот на сторителите, во косовскиот главен град била планирана купопродажба на фалсификуваните пари, односно прием и испорака на количината на фалсификувани пари, при што се откриени и идентификувани од полицијата, која интервенира и на дело ги апси одземајќи им ја сумата на фалсификувани пари.
Косовското обвинителство цени дека осомничените со овие дејствија во соработка сториле кривично дело „Купување, прифаќање и прикривање предмети прибавени со кривично дело.
Во реконструкцијата на настанот, обвинителството наведува и дека осомничените Б.А, Ш.А и А.А., на 28 ноември, во Генерал Јанковиќ се сретнале со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д., ставајќи ги фалсификуваните евра во автомобил Фолксваген „Пасат“ кој го управувал Х.Д., по што заедно продолжиле за Приштина, за да се сретнат на бензинската пумпа „Шел“, каде што било планирано примопредавањето на фалсификуваните пари. Во текот на трансакцијата тие се откриени и идентификувани од Полицијата.
Според барањето на обвинителството, осомничените го извршиле кривичното дело „Фалсификување пари“, од косовскиот Кривичен законик.