Амбасадата на Руската Федерација во Скопје објави фотографија од средба на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи како сегашен претседавач со ОБСЕ и министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, како иден претседавач со Организацијата.
Амбасадата ја објави фотографијата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Освен фотографијата, во објавата нема друга информација.
Видете и ова: Шмид уверува дека и покрај сите предизвици, ОБСЕ постигнува конкретни резултатиПо почетокот на руската инвазија во Украина, ОБСЕ како организација се соочи со тешкотии во функционирањето поради ветата што ги ставаше Москва на одлуките што мора да се носат со консензус од 57-те земји членки.
Оттука и на Министерскиот состанок во Скопје се гледа како клучен за иднината на ОБСЕ. На пример, еден од главните предизвици беше да се најде земја што ќе го презеде претседателството од Северна Македонија во 2024 година.
Единствениот формален кандидат – Естонија, неколку пати беше блокиран од Русија. На 27 ноември, неколку дена пред почетокот на Министерскиот состанок, министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека на подготвителен состанок бил постигнат консензус Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ, одлука што треба да биде потврдена на настанот во Скопје.