Шаленберг: Потребата од ОБСЕ во иднина ќе биде сѐ поголема
Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, пред почетокот на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека целосно ги разбира украинските пријатели кои одлучиле да не присуствуваат на состанокот, во знак на протест кон присуството на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. „Верувам дека ова е се уште Организација што ни е потребна и верувам дека во иднина потребата од ОБСЕ ќе биде сѐ поголема, а не помала.“, рече Шаленберг во Скопје.