Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека примирјето во војната меѓу Израел и Хамас и размената на заробеници „произвеле резултати“ и дека се надева дека позитивниот тренд може да продолжи.
„Заложниците се вратија дома, се обединија со своите семејства“, рече Блинкен на средбата со израелскиот претседател Исак Херцог во Тел Авив, додавајќи дека прекинот на огнот исто така овозможил „повеќе хуманитарна помош да стигне до цивилите во Газа на кои очајно им е потребна“.
„Тој процес дава резултати и се надевам дека ќе може да продолжи“, изјави Блинкен.
Четиридневното примирје, кое стапи на сила во петокот минатата недела, а потоа беше продолжено, овозможи ослободување на 70 израелски заложници, не сметајќи ги тројца кои имаат и руско државјанство, и 210 палестински затвореници.
Освен тоа, надвор од договорот беа ослободени околу 30 странци и оние со двојно државјанство, главно Тајланѓани, вработени во Израел.
Видете и ова: Две лица загинаа во напад на автобуска станица во Ерусалим, повредени се уште шестминаПретседателот на Израел им се заблагодари на Соединетите Држави за „огромната работа посветена на ослободувањето на заложниците“ и рече дека „околу 150 од нив се уште се во Газа“.
Блинкен пристигна во Израел синоќа, а ќе отпатува и на Западниот Брег за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Тоа е трета посета на Блинкен на Блискиот Исток од почетокот на војната на 7 октомври, предизвикана од нападите на екстремистичката група Хамас врз Израел во кои загинаа повеќе од 1200 луѓе.
Израел потоа вети дека ќе го уништи Хамас и континуирано го бомбардираше Појасот Газа до прекинот на огнот кој стапи на сила на 24 ноември.
Видете и ова: Примирјето меѓу Израел и Хамас продолжено за уште еден ден
Според Министерството за здравство, кое го води Хамас,(организација прогласена за терористичка од страна на ЕУ и САД), починале речиси 15 000 луѓе, вклучително и повеќе од 6 000 на возраст под 18 години.
Блинкен рече дека очекува детални разговори со израелската влада за тоа како „да се придвижи напред во Газа“. Ден претходно тој повика на „создавање услови за вистински долгорочен мир“ и додаде дека најдобар начин да се постигне тоа е „преку двете држави“ Израел и Палестина.
Израел и Хамас во четвртокот постигнаа договор во последен момент за продолжување на шестдневниот прекин на огнот за уште еден ден за да им се овозможи на преговарачите да продолжат да работат на договори за размена на заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа за Палестинци од израелските затвори.