Конференцијата за климата КОП28, која започнува денеска во Дубаи, мора да се посвети на вистинско „постапно исфрлање“ на фосилните горива, рече генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, осудувајќи го недостатокот на „политичка волја“ во спречувањето на „климатската катастрофа“.
„Јас сум силно за текст кој вклучува напуштање (фосилни горива)“, рече Гутереш во интервју пред да замине за Дубаи.
Соочени со недоволна глобална акција за исполнување на целта на Парискиот договор за ограничување на порастот на температурата на 1,5 степени Целзиусови, некои земји сакаат финалниот документ КОП28, кој треба да биде усвоен со консензус, експлицитно да повикува на намалување на фосилните горива.
Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јаглен„Намалувањето може да биде сè, никогаш не знаеме што значи тоа. „Напуштање“ значи запирање во одредена точка. Дури и ако не можеме да престанеме (да користиме фосилни горива) утре“, додаде Гутереш.
Неодамна преговарачите од земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) и пратениците постигнаа договор за нови правила за намалување на емисиите на метан, кои ќе постават нови барања за индустријата за јаглен, гас и нафта.
Според експертите, метанот е една од најголемите причинители за климатските промени, веднаш по јаглерод диоксидот. Овој гас предизвикува и сериозни здравствени проблеми.