ОБСЕ има клучни инструменти за безбедност и станува релевантна и за безбедноста на Евроазија, порача генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на денешниот Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.
Генералната секретарка на организацијата рече дека и понатаму ќе бараат поддршка во Украина и за демократските институции во земјите членки. Во обраќањето на Министерскиот совет, таа се осврна и на борбата против трговијаta со луѓе, потсетувајќи дека во светот има 25 милиони жртви на трговија со луѓе, а најголем дел од сторителите не се казнуваат.
„ОБСЕ е можна сила за промена за многу граѓани во регионот. Навистина за луѓето се работи. Со ваша поддршка, ОБСЕ може да даде особен придонес за подобра иднина“, рече Шмид.
На денешниот Министерски состанок, претставниците на земјите членки разговараат и за Буџетот на организацијата, кој сѐ уште не е донесен.
Видете и ова: Ковачевски: Ова не е дипломатската победа на Русија, туку на ОБСЕОБСЕ треба да биде поактивно во справувањето со климатските промени, порача генералната секретарка на организацијата. Како други важни теми ги спомена и човековите права, сајбер безбедноста и борбата против корупцијата.
„И покрај сите предизвици со кои се соочуваме ние постигнуваме конкретни резултати“, рече Шмид.
Инаку денеска и утре во Скопје се одржува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.