Две лица загинаа кога двајца напаѓачи отворија оган на автобуска станица во преградието на Ерусалим за време на утринскиот шпиц, пренесува Би-Би-Си.
Како последица на овој напад загина 24-годишна жена, како и маж на возраст од околу 70 години кој починал во болницата, соопшти израелската брза помош.
Во нападот исто така се повредени и шест лица. Израелскиот министер за надворешни работи рече дека двајцата „тешко вооружени“ напаѓачи се неутрализирани.
„Двајцата терористи пристигнаа на местото на настанот во возило вооружени со огнено оружје. Овие терористи пукаа кон цивили на автобуска станица, а потоа беа неутрализирани од силите на безбедност“, соопшти полицијата.
Видете и ова: Примирјето меѓу Израел и Хамас продолжено за уште еден денОвој напад пак доаѓа во време кога примирјето меѓу Израел и Хамас е продолжено за уште еден ден, како што соопшти катарското Министерство за надворешни работи.
Хамас ослободува по 10 израелски заложници дневно во замена за 30 палестински затвореници, а Израел дозволува дополнителна помош за Газа.
Продолжувањето на примирјето пак ќе им овозможи на преговарачите да продолжат да работат на договори за размена на заложници со затвореници.