Црвен килим ги чека делегациите
Црвен килим за учесниците во 30-иот министерски состанок на ОБСЕ
Во Скопје денеска, 30.11.2023, започнува Триесеттиот министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше трансформиран во центар за дебатите и состаноците на учесниците на ОБСЕ состанокот.
На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста, присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ - САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.
Состанокот неформално почна синоќа, 29.11.2023, со неформалната вечера на учесниците.
На неформалната вечера присуствуваа и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел, кои си заминуваа по вечерата.
Безбедноста на состанокот е на највисоко ниво, порачаа од Министерството за внатрешни работи.
Министерскиот совет во Скопје ќе го означи крајот на едногодишното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ.
За известување од состанокот се акредитирани над 300 новинари и сниматели од цела Европа.