Посредникот Катар соопшти дека Израел и екстремистичката група Хамас се договориле за уште еден ден привремено олеснување.
Преговорите за второто продолжување дојдоа во последните моменти пред крајот на примирјето, со несогласувања во последен момент околу заложниците што Хамас треба да ги ослободи.
„Привременото примирје е продолжено под истите услови како и првото продолжување“, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.
Хамас ослободува 10 израелски заложници дневно во замена за 30 палестински затвореници, а Израел дозволува дополнителна помош за Газа.
Видете и ова: Клучната дипломатија на Катар во војната меѓу Израел и ХамасПродолжувањето ќе им овозможи на преговарачите да продолжат да работат на договори за размена на заложници со затвореници.
Претходно и Хамас објави дека се согласил да го продолжи примирјето со Израел за уште еден, седми ден, пренесе Ројтерс.
Ова доаѓа откако израелските одбранбени сили соопштија дека прекинот на огнот ќе продолжи, без да прецизираат колку долго.
Израелската армија соопшти дека примирјето со Хамас ќе продолжи „во светло на напорите на посредниците да го продолжат процесот на ослободување на заложниците“.
„Ова ќе биде предмет на условите на договорот, се додава во соопштението од израелските одбранбени сили.