Здравствените установи ќе работат континуирано и без прекин за време на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, информираат од Министрството за здравство.
Оттаму преку соопштение велат дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски совет на ОБСЕ нема да важи за вработените во здравствените установи.
„Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението. Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простории и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети“, велат од Министерството за здравство.
Видете и ова: Украина и балтичките земји ќе го бојкотираат самитот на ОБСЕ поради поканата до ЛавровОд Министерството посочуваат дека правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош“, соопштуваат од Министерството за здравство.
Министерскиот состанок на ОБСЕ се одржува во Скопје од 29 ноември до 1 декември, поради што 29 и 30 ноември ќе бидат неработни денови за вработените во државната администрација во главниот град.