Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја изрази својата загриженост за растечките тензии во регионот на Западен Балкан и ја потврди подготвеноста на Алијансата да стори се за да се обезбеди безбедност во регионот.
„Она што го гледаме таму е дека тензиите растат. Зголемени тензии и потпалувачка реторика во Босна и Херцеговина. Видовме сериозни насилни инциденти на Косово, вклучително и напад врз мировниците на НАТО, кога 93 војници беа повредени, некои од нив со сериозни повреди. Видовме напад во селото Бањска“, рече Столтенберг во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата.
„НАТО ќе направи се што е потребно за да ја одржи или обезбеди стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа“, нагласи тој.
Видете и ова: Загриженост за стабилноста на Балканот и негрижа за состојбите домаМинистрите за надворешни работи на земјите од НАТО на претстојниот дводневен состанок во Брисел ќе разговараат за можноста за трајно зголемување на војниците во рамките на мировната мисија КФОР на Косово.
Од нападот на селото Бањска на 24 септември, НАТО го зголеми присуството на Косово со илјада дополнителни војници. Министрите ќе разговараат дали ова зголемување сега ќе биде долгорочно и дали е потребна дополнителна воена способност за војниците од оваа мировна мисија.
Високиот претставник на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел ќе се приклучи на дискусијата во НАТО, која ќе биде посветена на Западен Балкан.