Судот во Москва во вторникот објави дека до јануари му го продолжил притворот на американскиот новинар Еван Гершкович, кој на крајот на март беше уапсен во Русија под обвинение за шпионажа.
Окружниот суд Лефортово сооошти дека на Гершкович, кој ги негираше обвинувањата, му бил продолжен „периодот на притвор“ за уште два месеци до 30 јануари.
Гершкович, известувач на „Волстрит џурнал“, беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ) на 29 март во градот Екатеринбург на Урал под обвинение за шпионажа, што се казнува со затвор до 20 години.
Тој е првиот американски новинар кој е уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна.
Видете и ова: Многу нејаснотии за американскиот новинар затворен во Русија за шпиунажаРусија објави дека Гершкович е фатен „на дело“. ФСБ, главниот наследник на КГБ, тврди дека новинарот се обидел да дојде до воени тајни.
Белата куќа ги нарече обвинувањата „смешни“, а претседателот Џо Бајден рече дека притворот на Гершкович е „целосно незаконски“.
„Волстрит џурнал“ ги негира обвиненијата и бара негово итно ослободување.
Русија сè уште не објави никакви докази за овој случај.
Гершкович, кој течно зборува руски, беше во Лондон во февруари кога Русија ја започна својата инвазија на Украина и се подготвуваше да се врати во Русија за да започне да известува за Волстрит журнал, откако претходно работеше за АФП.