Американската страна не побарала средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија.
Ова во изјава за новинарите го кажа заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
„Не, (американската страна не побарала) и нема да бара. И нема да има средба“, посочи заменик министерот, одговарајќи на новинарско прашање од ТАСС.
Видете и ова: Блинкен доаѓа во Скопје, а Лавров се очекуваКако што пренесува агенцијата, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан се воздржал од коментари за можноста за релевантни контакти.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него.
Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.
„Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“, додаде рускиот шеф на дипломатијата.
Видете и ова: Лавров: Ќе дојдам во Скопје на состанокот на ОБСЕ, ако Бугарија го отвори воздушниот просторАмериканскиот државен секретар, Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави денеска помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан.