Портпаролот на Владата на Израел, Ајлон Леви, денеска изјави дека земјата и понудила на палестинската милитантна организација Хамас да го продолжи четиридневното примирје коe истекува утре во 7:00 часот по локално време.
„Сакаме да примиме уште 50 заложници почнувајќи од вечерва“, рече портпаролот.
Извор од египетските безбедносни сили рече дека двете страни работат на деталите за продолжување на прекинот на огнот што започна минатиот петок.
Видете и ова: Последен ден од примирјето меѓу Израел и екстремистичката ХамасИзраел, наводно, инсистира примирјето да се обновува од ден на ден, додека странските посредници Катар, САД и Египет предлагаат прекин на конфликтот на „неколку дена“.
Двете страни повторија дека непријателствата се далеку од завршени.
Кампањата за уништување на Хамас и враќање дома на сите заложници ќе продолжи веднаш штом ќе заврши примирјето, објави портпаролот на израелската влада.
Израел, како што рече портпаролот, „целосно ќе продолжи да ги постигнува своите три цели - да го елиминира Хамас, да се осигура дека Појасот Газа никогаш повеќе нема да биде закана за израелската безбедност и да ги ослободи сите заложници“.
Видете и ова: Уапсен осомничен за пукањето на млади Палестинци во близина на Универзитетот во ВермонтВоеното крило на Хамас повтори дека борците се „подготвени“ доколку воените дејствија продолжат.
Од петокот се ослободени 58 заложници, меѓу кои 39 Израелци и оние со двојно државјанство и 19 странци надвор од договорот.