Министерството за внатрешни работи информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во СРЦ „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи од 29 ноември во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
„За сообраќај ќе бидат затворени следните бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански ддреди“, велат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Видете и ова: Лавров: Ќе дојдам во Скопје на состанокот на ОБСЕ, ако Бугарија го отвори воздушниот просторНа 30 Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во земјава, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1.000 гости во делегациите.