Средношколката Христина: „Не ме викаат џуџе, ама не ме викаат на кафе“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Христина Митревска има 16 години, а висока е како да има 6. Во училиште, вели, добро ја прифаќаат, но на кафе после часови оди само со мама и тато. Таа е една од само четири луѓе во светот со исклучително реткиот синдром Немо. Ова значи живот со постојани болки и патување до Вашингтон, САД, на секои три месеци. Таму бесплатно ја добива терапијата, но за трошоците за пат и сместување семејството мора да се снаоѓа. И така дваесет патувања по ред во изминативе пет години.