Малта ќе претседава со ОБСЕ следната 2024 година, соопшти во понеделникот (27 ноември)министерот за надворешни работи Бујар Османи на платформата Х.
„Големи одлуки што го отвораат патот кон консензус за претседавањето со ОБСЕ 2024 ќе бидат потврдени на Триесеттиот министерски состанок во Скопје. Ви благодариме Малта за вашата подготвеност да ја преземете оваа витална улога и на сите колеги за вашата флексибилност и поддршка“, напиша шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ.
Да се најде земја која ќе го презеде претседателството од Северна Македонија за следната година, деновиве беше едно од клучните предизвици за оваа организација. Естонија беше единствен кандидат, но Русија досега неколку пати стави вето. Последен пат, руската делегација излегла со негативен став на состанок на амбасадорите пред неколку дена.
Во јавноста досега се споменуваа неколку земји како можни идни претседавачи.
Видете и ова: Блинкен доаѓа во Скопје, а Лавров се очекуваМинистерот Османи неколку пати посочуваше дека интензивно се работи на тоа да се пронајде некоја држава за која нема да се противи ниту една од 57-те земји членки на ОБСЕ.
За 2025 година веќе е донесена одлука и тогаш со Организацијата ќе раководи Финска.