Проблеми пред почетокот на преговорите за владејачка коалиција во Холандија

Лидерот на холандската крајнодесничарска Партија за слобода, Герт Вилдерс

Преговорите за формирање на владина коалиција во Холандија по шокантната изборна победа на екстремниот десничар Герт Вилдерс влегоа во хаос во понеделникот, откако човекот задолжен да ги надгледува поднесе оставка.

Гом ван Стриен, сенатор на Партијата на слободата на Вилдерс, кој беше назначен за „координатор“ беше главна тема во текот на викендот, откако во холандските медиуми се појавија наводи за измама во неговата поранешна компанија.

Ван Стриен негираше дека сторил нешто лошо, но во понеделникот наутро издаде соопштение во кое вели дека „немирите“ поради извештајот и времето потребно за соодветно да се одговори на ситуацијата „не одговараат“ на неговата работа како „координатор на процесот на преговори за формирање нова влада“.

„Затоа му кажав на Герт Вилдерс и на претседателот на парламентот дека поднесов оставка како координатор“, рече ван Стриен.

Видете и ова: Предизборни анкети: Екстремната десница со најмногу гласови во Холандија

Тој требаше да ја започне формалната задача за формирање коалиција во понеделник, со средби со највисоките партиски лидери, почнувајќи од самиот Вилдерс.

Состаноците се откажани.

Инаку, Вилдерс се соочува со тешка битка да ги убеди другите страни да соработуваат со него, со оглед на неговите силни антиисламски, антиимигрантски и антиевропски ставови.

Иако донекаде го ублажи тонот за време на предизборната кампања, манифестот на Партијата за слобода, повикува на забрана на џамиите, Куранот и шамиите, како и референдум за напуштање на Европската Унија.