Полицијата уапси осомничен за пукањето врз тројца млади мажи од палестинско потекло, кои присуствуваа на собир на Денот на благодарноста во близина на кампусот на Универзитетот во Вермонт.
Агентите на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви го уапсиле 48-годишниот Џејсон Итон за време на претресот на областа каде што се случи нападот во саботата вечерта во Бурлингтон, објави во неделата полициската управа во Бурлингтон.
Властите собрале докази за време на претресот на станот на Итон во зграда спроти улицата од каде што се случило пукањето. Тој во понеделник ќе биде изведен пред судија, соопшти полицијата. Нападот, во кој беа повредени тројца мажи, можеби е злосторство од омраза, соопштија претходно властите.
„Двајца од мажите се во стабилна состојба, додека третиот се здобил со многу посериозни повреди“, изјави началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад.
Тројцата 20-годишници се враќале во домот на еден од нив кога пред нив се појавил белец со пиштол, соопшти полицијата.
„Без да зборува, испукал најмалку четири куршуми од пиштолот и се верува дека побегнал. Сите три жртви се погодени, две во телото и една во долните екстремитети“, изјави Мурад.
Сите жртви се од палестинско потекло. Двајца се американски државјани, а третиот има одобрена дозвола за престој. Двајца од нив носеа црно-бели палестински шамии, додаде Мурад.
Видете и ова: Тројца мртви и двајца ранети во пукање во КанадаМурад, кој изрази сочувство до жртвите и нивните семејства, рече дека нема дополнителни информации за да се наведе мотивот.
Американско-арапскиот комитет против дискриминација објави соопштение во кое се вели дека жртвите се палестинско-американски студенти и дека има „причина да се верува дека ова пукање се случило бидејќи жртвите се Арапи“.
„Мажот викал и ги малтретирал жртвите кои зборувале на арапски, а потоа пукал во нив, се вели во соопштението на Комитетот.
ФБИ во неделата соопшти дека активно го истражува инцидентот со полицијата во Бурлингтон и други федерални и локални агенции.
Видете и ова: Еден загинат и тројца повредени во пукање во продавница во ОхајоСоветот за американско-исламски односи објави соопштение во кое нуди награда од 10 000 долари за информации што ќе доведат до апсење или осудување на лицето или луѓето одговорни за инцидентот. Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис повика на „недвосмислена осуда на зачудувачкиот пораст на антиарапската омраза и исламофобијата во Америка“.
Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс исто така го осуди нападот. Американскиот еврејски комитет соопшти дека е „згрозен“ од нападот и ја повика „полицијата да го истражи овој чин како можно злосторство од омраза“. Со зголемениот број на жртви во војната меѓу Израел и Хамас, тензиите во САД се зголемија во време кога се зголемуваат демонстрациите за поддршка и за Израел и за Палестинците.