При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот.
Полицајците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани.
„Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици, нема дополнителни информации за можниот мотив, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен“, пренесува Си-Ен-Ен.
Видете и ова: Експлозијата на границата меѓу САД и КанадаНа местото на настанот е констатирана смрт на маж и жена. Три жртви биле пренесени во болница, а едната од нив подоцна починала од повредите.
„Две жртви, маж и жена, се во критична состојба во болница. Истрагата е во тек“, рече Михалишен.
Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.