Милитантната палестинска група Хамас, означена како терористичка организација од САД и ЕУ, ослободи уште 17 заложници денеска (26 ноември), според договорот за четиридневен прекин на огнот, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“(АП).
Групата заложници вклучува 14 Израелци и еден Американец. Израелските заложници се на возраст од 4 до 84 години, меѓу кои е и четиригодишното девојче Абигејл Едан, чии родители беа убиени во нападот од страна на Хамас на 7 октомври. САД ја идентификуваа неа како прв ослободен американски заложник.
Видете и ова: Хамас го одложи второто ослободување заложници додека Израел не пропушти помош на северот на ГазаПретставниците на Црвениот крст ги прифатија заложниците од Газа. Некои беа предадени директно на Израел, додека други заминаа преку Египет.
Според канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на списокот биле вкупно девет деца на возраст од 17 години и помлади. Одделно, Хамас соопшти дека ослободила и еден руски заложник, пренесе АП.
Ослободувањето на заложниците доаѓа по мировниот договор за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Денеска (26 ноември) е третиот ден од примирјето.
Во четирите дена прекин на огнот Хамас треба да ослободи 50-тина заложници, а Израел 150 палестински затвореници.
Извор: АП