Украина ги таргетирала Москва и другите руски градови со флота од најмалку 20 беспилотни летала, од кои повеќето биле соборени од противвоздушни системи, велат руските власти, пренесе Радио Слободна Европа.
Во меѓувреме, Украина објави дека била цел на најмалку девет руски дронови ноќта на 26 ноември, еден ден откако Русија лансираше огромен бран дронови против Киев и други локации. Тоа беше најголемиот таков напад откако Русија ја почна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските беспилотни летала биле соборени над Тула, Калуга и Брјанск, како и над Москва, главниот град на Русија. На ниту една локација не е забележана поголема штета.
„Имаше обид за масовен напад со дрон во текот на ноќта“, објави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм.
Во Тула, јужно од Москва, едно лице беше рането кога пресретнат дрон погоди станбена зграда, објави регионалниот гувернер Алексеј Дјумин, исто така на Телеграм.
Украинските власти засега немаат коментар на обвинението.
Летовите беа одложени или откажани на неколку од главните аеродроми во Москва поради нападот, објави рускиот дневен весник „Комерсант“.
Нападот се случи ден откако Русија зочна голем напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина, при што украинските власти соопштија дека повеќе од 70 дронови биле соборени или пресретнати од украинската воздушна одбрана.
„Овој напад со беспилотно летало беше најголемиот од почетокот на целосната инвазија“, изјави Михаило Шаманов, претставник на регионалната воена администрација во Киев, за украинската телевизија вчера (25 ноември).
Украинската војска денеска ( 26 ноември) соопшти дека соборила осум од девет руски нападни беспилотни летала кои цели на различни локации. Засега нема извештаи за штети или повредени.
Украина се подготвува за очекувано зголемување на руските напади насочени кон нејзината енергетска инфраструктура сега, кога почна зимата.
Нападот на 25 ноември се случи кога Украина го одбележа Денот на сеќавањето на Холодомор, во сеќавање на вештачки предизвиканиот глад во Советска Украина(1932-1933 година) кој однесе милиони животи.
Извор: РФЕ/РЛ