Двојно повеќе повици имало вчера (25 ноември) во споредба со денот претходно, во петокот(24 ноември) на Единствениот број за итни случаи 112, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кон бројот за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2.037 повици. Причина за повиците се зимските временски прилики со врнежи од снег и со ветар.
Од нив, реални повици за итни случаи биле 47, 91 отсто, а останатите 52 отсто се окарактеризирани како „неитни“ повици, известија од ЦУК.
По синоќешниот прекин на сообраќајот на повеќе патни правци, денеска патиштата се проодни.
Видете и ова: Временска прогноза- студено и ветровито, температурата до 7 степениСпоред последните информации за проодност на патните правци до 9 часот утрово (26 ноември), ситуацијата е следнава: Регионалниот ЦУК Штип извести дека сите магистрални регионални локални патишта се исчистени и се проодни за сообраќај, а во моментов вршат дополнителна контрола на некој од локалните патишта во реонот на Плачковица.
На подрачјето на РЦУК Куманово сите магистрални, регионални и локални патни правци се проодни, сообраќајот се одвива тековно во зимски услови. Во моментот нема информации за непроодни локални патни правци во планинските места.
Во струмичко, сообраќајот по магистралните, регионалните и локалните патишта се одвива по чисти коловози. Единствено отежнато се одвива на патниот правец Струмица-Берово.
Во реонот на Охрид сите патни правци се проодни за сообраќај.
РЦУК Скопје извести дека по остварените телефонски контакти со ЈП Македонија пат и со одговорните лица од општините Чучер Сандево, Сопиште, Бутел, Сарај, Гази Баба, Ѓорче Петров, Зелениково и Студеничани добиени се информации дека по синоќешните врнежи од снег нивните служби излегле на терен и во текот на ноќните часови биле исчистени и посолени сите патни правци во нивна надлежност.
Видете и ова: Временска прогноза - облачно со дожд, на планините снегНа територија на РЦУК Скопје нема информација за непроодни патни правци.
Во реонот на Тетово, од 6 часот утрово е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавеца во општина Желино е непрооден.