Временска прогноза- студено и ветровито, температурата до 7 степени

Илустрација

Во североисточните делови на земјава претпладне ќе провејува слаб снег, а во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 целзиусови степени.

Видете и ова: Претпладне сончево и облачно, попладне дожд и грмежи

Како што соопшти УХМР, во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 целзиусови степени.

Утре наутро ќе биде претежно ведро и многу студено, а ќе се задржи студено и преку денот до средината на следната седмица. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршат во среда.