Европската комисија(ЕК) ќе обезбеди 50 милиони евра (54 милиони долари) за Киев, за поправка и надградба на инфраструктурата во украинските пристаништа со цел да се зголеми извозот на храна, соопштија од Комисијата денеска(25 ноември), пренесе новинската агенција ДПА.
Видете и ова: Унгарија добива милиони од ЕУ и покрај заканите на Орбан дека ќе ја блокира помошта за Украина„Подобрените пристанишни капацитети ќе го забрзаат извозот на храна и други стоки со кои Украина ги снабдува на глобалните пазари“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмото до украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Со текот на времето, нашата инвестиција треба да им овозможи на пристаништата во Украина да се вратат на извозните количини што ги имаа пред војната“, се вели во писмото од претседателката на ЕК.
Видете и ова: ЕУ има „план Б“ доколку Унгарија ја блокира помошта за УкраинаЕвропската Комисија предложи проширување на буџетската поддршка за да и се помогне на Украина додека трае конфликтот, при што 27 земји членки на ЕУ треба да гласаат за пакетот на самитот на 14 и 15 декември во Брисел.
Но, постои загриженост дека помошта може да биде блокирана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги промовираше своите врски со Москва и се спротивстави на слична поддршка во минатото.
Ваквите плаќања од заедничкиот буџет на ЕУ бараат едногласна поддршка од сите земји-членки.