Временска прогноза - облачно со дожд, на планините снег

Илустрација

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни, со повеќе од 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во текот на денот, температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места, помала снежна покривка.

Видете и ова: Временска прогноза - облачно со повремени врнежи од дожд


Како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 9, а максималната од шест до 13 целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до седум степени.

Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.