Вкупно 39 заложници се ослободени Палестинци од затвор, додека претходно палестинската милитатна група Хамас во петокот ослободи 24 заложници кои со недели беа заробени во Газа, јавува новинската агенција Асошиетет прес. Ова е првата фаза од размената според четиридневниот договор за прекин на огнот.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека се ослободени 39 жени и деца кои беа во израелските затвори, со што ги исполнија обврските од првиот ден од договорот.
Според досега достапните информации дел од ослободената група заложници вклучува 13 израелски државјани, 10 Тајланѓани и еден филипински државјанин. Претходно премиерот на Тајланд изјави дека Хамас ослободил 12 тајландски државјани.
Видете и ова: Првата група израелски заложници предадена на Црвениот крстОва доаѓа по мировниот договор за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Катар посредуваше во преговорите меѓу Израел и Хамас.
Денеска во 7:00 часот во Газа започна најавеното време на привременото примирје договорено меѓу Хамас и Израел. Се очекува дека ќе бидат потребни четири дена за да се олесни размената на 50 заложници кои ги држеше Хамас за 150 палестински затвореници кои ги држеше Израел. Во средата израелската влада и радикалната организација Хамас постигнаа договор за четиридневно примирје.