Вкупно 13 жени и деца кои беа заложници на палестинското исламистичко движење Хамас, кое Соединетите Американски Држави ( САД) го сметаат за терористичко се предадени на Црвениот Крст, објавија на 24 ноември израелските медиуми. Тоа е првата група на израелски заложници кои се ослободени, откако беа киднапирани при нападот на Хамас врз Израел на 7-ми октомври.
Ова доаѓа по мировниот договор за четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Предавањето на заложниците се случи во болница во Кан Јунис на југот на Појасот Газа. Заложниците сега се на пат кон граничниот премин Рафах со Египет, каде ќе бидат предадени на израелската армија.
Видете и ова: Стапи во сила примирјето меѓу Израел и ХамасДенеска во 7:00 часот во Газа започна најавеното време на привременото примирје договорено меѓу Хамас и Израел. Се очекува дека ќе бидат потребни четири дена за да се олесни размената на 50 заложници кои ги држеше Хамас за 150 палестински затвореници кои ги држеше Израел. Во средата израелската влада и радикалната организација Хамас постигнаа договор за четиридневно примирје.