Одобрена екстрадиција на „кралот на криптовалутите“, баран од Јужна Кореја и САД

Јужнокорејецот Хјеонг До Квон, обвинет за повеќе кривични дела измама со криптовалути и хартии од вредност при неговото апсење во обвинителството во Подгорица, 24 март 2023

Вишиот суд во Подгорица ја одобри екстрадицијата на Јужнокорејецот Хјеонг До Квон, кој го бараат Јужна Кореја и Соединетите Држави, кои се сомневаат дека оштетил инвеститори за повеќе од 40 милијарди долари преку криптовалути.

„Министерот за правда на Црна Гора Андреј Миловиќ ќе одлучи во која земја ќе биде екстрадиран До Квон“, се вели во соопштението на Вишиот суд во Подгорица.

Се додава дека „кралот на криптовалутите“ До Квон, кој е во затвор во Црна Гора, се согласил да биде екстрадиран во Јужна Кореја, по скратена постапка.

До Квон и неговиот деловен партнер Чанг Јун беа уапсени на 23 март на аеродромот во Подгорица кога се обиделе да отпатуваат со приватен лет за Дубаи со лажни пасоши.

Тие беа осудени на четири месеци затвор за фалсификување пасоши во Црна Гора. Тие се во притвор речиси осум месеци.

Според соопштението на Високиот суд, Јужна Кореја го тужи До Квон за кривично дело измама, нефер тргување, измама и кршење на јавната понуда.

Соединетите Држави, односно Окружниот суд за јужниот округ на Њујорк го обвини До Квон за неколку кривични дела, вклучувајќи: заговор за извршување измама во врска со купување и продажба на хартии од вредност, измама со жици за кривично дело и манипулација со цените на хартиите од вредност.

Видете и ова: Како криптовалутите го финансираат тероризмот?

Бидејќи неколку земји побараа екстрадиција на До Квон, Високиот суд наведува дека допрва треба да одлучи во која земја ќе биде екстрадиран.

Во соопштението се додава дека доколку министерот за правда дозволи екстрадиција на обвинетиот, тој процес ќе се спроведе откако ќе заврши затворската казна на која е осуден за фалсификување исправа.

Министерот за правда Андреј Миловиќ се уште не се изјаснил во која земја ќе го екстрадира До Квон.

Додека До Квон беше во притвор, тогашната Влада предводена од Дритан Абазовиќ, во пресрет на парламентарните избори во јуни оваа година, објави сомневања дека Јужна Кореја и крипто заедницата плаќале одредени политички субјекти во Црна Гора, таргетирајќи го движењето „Европа Сега“ и нивниот лидер Милојко Спајиќ.

За случајот се заинтересирало и Специјалното обвинителство кое го испрашало До Квон. Тој негираше дека финансирал некоја партија во Црна Гора.