На боиштата во Украина, серија напади од руски беспилотни летала и проектили

илустрација

Руските сили повторно ја нападнаа Украина во текот на ноќта со беспилотни летала и наведувани проектили, соопшти украинската воздушна одбрана на 24 ноември.

Русија во нападот употреби три беспилотни летала од иранско производство и две наведувани ракети Кх-59, соопштија противвоздушните сили, додавајќи дека сите беспилотни летала се соборени. Нема детали за целните области.

Во западниот регион Хмелницки, заменик-регионалниот гувернер Серхи Тјурин рече дека воздушната одбрана отворила оган врз руски беспилотни летала. Тјурин рече дека нема информации за жртви или материјална штета.

Видете и ова: Русија ја гранатира цивилната инфраструктура во регионот Херсон

Руското Министерство за одбрана на 24 ноември објави дека нејзината противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила 16 украински беспилотни летала над окупираниот Крим и јужниот регион Волгоград.

„Дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија 16 беспилотни летала, од кои 13 над полуостровот Крим и три над територијата на регионот Волгоград“, објави Министерството на својот канал Телеграм, без да даде детали.

Тврдењето не можеше да се потврди независно. Украина не коментираше.