Утрово во Даблин е мирно, откако пет лица, меѓу кои три мали деца, завршија во болница по нападот со нож во центарот на градот, по што избија насилни немири на улиците.
Полицијата приведе осомничен за нападот со нож, но тврди дека нападот во моментов не се третира како терористички чин, иако не е „исклучен ниту еден мотив“.
Мотивот за нападот, кој се случи во близина на училиштето на 23 ноември, се уште не е дефинитивно утврден. Полицијата на прес-конференцијата изјави дека напаѓачот дејствувал самостојно.
Во нападот со нож петгодишно девојче и триесетгодишна жена се во болница со тешки телесни повреди, додека петгодишно момче, шестгодишно девојче и маж на околу педесетти се санирани во болница поради полесни повреди.
Во насилните немири кои избувнаа по нападот, се судрија полицијата и толпа луѓе. Итната полиција излегла на улиците додека демонстрантите фрлале факели, шишиња и огномети кон полицијата, палеле возила и ограбувале продавници. Силни експлозии одекнаа низ градот.
Полицајците со штитови на крајот успеаја да ја задржат толпата, а полицијата во доцните часови на 23 ноември објави дека ситуацијата во центарот на градот Даблин е главно мирна.
Видете и ова: Пет лица, меѓу кои три деца, избодени со нож во ДаблинМинистерката за правда рече дека се работи за разбојници и криминалци кои ќе бидат уапсени и затворени.
„Она на што сме сведоци вечерва е мала група на луѓе кои не ме претставуваат мене или огромното мнозинство луѓе во оваа земја, кои го користат овој ужасен чин за да направат пустош и да сеат поделби. Тие се насилници, тие се криминалци и токму така ќе бидат третирани“, рече министерката додека траеја немирите.
Ирскиот претседател Мајкл Д Хигинс најави дека инцидентот може да се искористи за некакви цели.
„Фактот дека овој ужасен инцидент ќе биде искористен или злоупотребен од групи кои имаат за цел да го нападнат принципот на социјална вклученост заслужува осуда од сите оние кои веруваат во владеењето на правото и демократијата“, рече ирскиот претседател.