Унгарија би требало да добие 900 милиони евра од Европската Унија, соопштено е од ЕУ во четвртокот, 23 ноември, и покрај обидите на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја прекине поддршката за Украина.
Овие пари доаѓаат од програмата „REPowerEU“, која има за цел да им помогне на членките на ЕУ да закрепнат од енергетската криза по руската инвазија на Украина минатата година и да се намали нивната зависност од руски фосилни горива, објави АП.
Предлогот да им се одобрат пари на Унгарија доаѓа во време кога Орбан се заканува да ја отфрли амбицијата на Украина да стане членка на ЕУ, односно да ја блокира исплатата на планираните 50 милијарди евра помош за Киев.
Орбан е критичар на ЕУ и често е во конфликт со европските лидери поради односите на неговата администрација кон владеењето на правото.
Лидерите на ЕУ ќе се сретнат следниот месец во Брисел за да разговараат околу отворањето на официјалните преговори за идно членство на Украина во Унијата.
Видете и ова: ЕУ има „план Б“ доколку Унгарија ја блокира помошта за Украина
Земјите членки на ЕУ сега имаат четири недели да ја потврдат одлуката на Европската комисија и да дадат дозвола за исплата на парите.
Вкупната вредност на унгарскиот план за опоравување по пандемијата, кој го вклучува поглавјето „REPower EU“, изнесува 10,4 милијарди евра во заеми и грантови.
Комисијата инсистираше на тоа Унгарија да постигне реформи во областа на владеењето на правото, за најголемиот дел од парите да им биде проследен.
Видете и ова: Етничките Унгарци во западна Украина одбиваат да бидат „заложници“ на ОрбанИнаку, Комисијата речиси една деценија веќе го обвинува Орбан за демонтажа на декократските институции, преземање контрола над медиуми и кршење на правата на малцинствата. Орбан пак, кој е на функција од 2010 година, ги негира овие обвиненија.
Орбан исто така повеќепати влегуваше во конфликт со ЕУ откако Русија минатата година започна војна во Украина. Тој ги критикуваше санкциите кои земјите членки ги усвоија против Русија, во главно како неефикасни и контрапродуктивни, а минатиот месец се сретна со Владимир Путин, на редок состанок на рускиот претседател со лидер на некоја европска земја.