Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска изјави дека ракописите за учебниците по историја за петто и шесто одделение се веќе доставени до Министерството.
„Според информациите што ги добивам од Педагошката служба, учебниците, односно ракописите се добри и квалитетни и очекуваме рецензии“, истакна Шаќири, повикувајќи ги професорите кои имаат забелешки за учебниците по историја, општество или за спојувањето на предметите да се вклучат во изработката на рецензијата на тие учебници.
Видете и ова: МОН викендов ќе испорачува учебници за шестооделенците, но не ситеМинистерот, за време на денешната посета на градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нагласи дека по добивањето на рецензиите, се надева дека во рок од 30 дена ќе заврши целата постапка и изработените учебници ќе бидат кај учениците.
„Ме радува и фактот дека кога дискутираме за одредени учебници, професорите кои имаат забелешки имаа подготвителни материјали кои веќе се објавени. Тие што имаат дискусија за програмата на тие предмети, нека направат споредба на подготвителните материјали за темите кои се учат во тој предмет, за да се вклучат во процесот, а исто така учениците моментално имаат подготвителни материјали кои се подготвени од страната на Бирото за развој и се според учебната програма“, истакна тој.
Видете и ова: Бендевска - МОН ќе добие тужба оти нема учебници за ситеИако министерот за образование Јетон Шаќири на почетокот на школската година уверуваше дека до крајот на септември сите ученици ќе добијат учебници, тоа сепак не се случи, односно шестоодделенците не добија учебници. На 2 октомври, тој во изјава за медиумите рече дека почнала доставата на учебници за шесто и дека тие до крајот на оваа недела ќе имаат учебници.
Без сите учебници школската година почна и за третоодделенците. На нив книгите им беа доставени во текот на септември.