Светската здравствена организација (СЗО) упати официјално барање до Кина за обезбедување повеќе информации за потенцијално загрижувачкото зголемување на респираторните заболувања и кластерите на пневмонија кај деца во оваа земја.
Здравствената агенција на Обединетите Нации (ОН), ги цитираше неодредените медиумски извештаи и Глобалната служба за следење на заразни болести, како извештаи за групи на недијагностицирана пневмонија кај деца во северна Кина, пренесува Асошиејтед прес (АП).
Во соопштението на СЗО пак, се вели дека не е јасно дали овие случаи се поврзани со зголемувањето на респираторните инфекции пријавени од кинеските власти.
Појавата на нови видови на грип или други вируси кои можат да предизвикаат пандемија обично започнува со недијагностицирани групи на респираторни заболувања. И пандемијата со ковид-19 првпат беше пријавена како невообичаен видов на пневмонија.
Странски научници велат дека состојбата треба внимателно да се следи, но не се убедени дека неодамнешниот пораст на респираторни болести во Кина е сигнал за почеток на нова глобална пандемија.
Видете и ова: Како со „долгиот ковид“ - Од симптоми до третманПојавата на нови типови на грип или други вируси кои можат да предизвикаат пандемија најчесто започнува од недијагностицирани групи на респираторни болести. И последната пандемија со Ковид-19 за првпат исто така беа пријавени како необични видови на пандемија.
СЗО забележува дека властите во кинеската Национална здравствена комисија на 13 ноември пријавиле пораст на респираторните болести, за што рекоа дека е последица на укинувањето на ограничувањата за изолација поради ковид-19. Други земји исто така забележале скок на респираторните болести, токму кога престанаа ограничувањата поради пандемијата со ковид-19.
„Не е јасно дали тие се поврзани со севкупниот пораст на респираторните инфекции претходно пријавени од кинеските власти, или одделни настани“, соопшти СЗО, додавајќи дека побарала од Кина повеќе детали за тековно циркулирачките вируси.
Видете и ова: Кина се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19Франсоа Балу од Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјави дека сегашниот бран на болести во Кина веројатно е резултат на респираторни заболувања како грип или бактериска инфекција.
Тој рече дека Кина веројатно доживува значителен бран на детски инфекции бидејќи ова е прва зима откако во оваа земја е укинат карантинот, што според него веројатно го намалил и колективниот имунитет на децата.
„Доколку не се појават нови докази, нема причина да се сомневаме во појавата на нов патоген“, рече Балу.
СЗО соопшти дека северна Кина пријавила скок на случаи на грип од средината на октомври во споредба со претходните три години. Епидемии веќе наполнија неколку болници во северна Кина, вклучително и Пекинг, а здравствените власти побараа од јавноста да ги носи децата со поблаги симптоми во други установи.