Русија никогаш не се откажала од мировните преговори со Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин на вонредниот онлајн самит на Г-20, на 22 ноември.
„Русија никогаш не се откажа од мировните преговори со Украина... Украина, а не Русија, јавно го објави своето повлекување од преговарачкиот процес“, рече Путин, објави Кремљ.
Според Кремљ, Путин рекол дека некои учесници во своите говори го изразиле својот шок од тековната руска агресија во Украина.
„Да, се разбира, воените дејствија се секогаш трагедија“, рече Путин.
Дополнително, тој во својот говор го негираше влијанието на војната врз светската економија, посочувајќи дека западните лидери се виновни за зголемената глобална инфалција.
Засега украинската страна не ги коментира овие изјави на Путин.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно истакна дека Украина нема да преговара со Москва додека Русија целосно не се повлече од украинските територии.
Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг не учествуваат на онлајн самитот на лидерите на Групата 20 најразвиени земји што го организира Индија.
Путин во септември ги избегна состаноците на самитот на Групата 20 во Њу Делхи, а Русија ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Видете и ова: Г20 ги повика Русија и Украина веднаш да обезбедат испорака на житоИндиското претседателство на Г-20 го свика дополнителниот видео самит поради конфликтот во Газа.
Индискиот премиер Нарендра Моди во средата го поздрави прекинот на огнот во Газа. Тој ги повика лидерите на најбогатите и земјите во развој да работат заедно за да се осигураат дека војната меѓу Израел и Хамас нема да се прошири.
Моди, како домаќин на виртуелен состанок на лидерите на Групата 20, рече дека заложниците треба да бидат ослободени и да се забрза хуманитарната помош. Индија претседава со Г20 во 2023 година.