Цената на струјата во Северна Македонија ќе ја одредува австриската компанија ЕВН Хоум, наместо како досега Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), потврди на 22 ноември претседателот на Комисијата Марко Бислимоски.
„Регулаторната комисија за енергетика со новата одлука во декември ќе стартува да ја применува ЕУ практиката според која како обврска на регулаторот е дефинирање на тарифите за пренос и дистрибуција, а крајната цена во која влегуваат сите елементи ќе ја соопшти Универзалниот снабдувач - ЕВН хоум“, изјави Бислимоски.
Тој вели дека ниту едно регулаторно тело не ја кажува крајната цена, освен во Србија, можеби и Косово.
Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе ја објави цената на струјата за малите потрошувачи и за граѓаните, а РКЕ само ќе проверува дали правилно се применети тарифните системи.
Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јагленЗасега не се знае дали измената ќе донесе и повисоки сметки за струја. Тоа ќе зависи од тоа колку струја ќе произведе компанијата Електрани на Северна Македонија( ЕСМ), која е во државна сосптвеност и по која цена ќе ѝ ја продава на ЕВН.
Сметките за струја на граѓаните сега се поделени во четири тарифи. Тие што трошат повеќе, плаќаат повеќе. Евтина струја има само ноќе, а дневна евтина нема од декември 2021. Но дневната евтина струја се враќа од 1 декември, но не са сите граѓани. Тие што имаат стари броила треба да почекаат рачно да им бидат сменети.